
Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува сите даночни обврзници и корисници на системот дека денеска, четврток (17 септември 2026 година), со почеток од 12:00 часот, ќе дојде до привремен прекин во обработката на МПИН пресметките поради изведување на планирани технички активности.
Во периодот на изведување на техничките активности нема да биде овозможена обработка на МПИН пресметките доставени на шалтер, како и пресметките доставени преку електронската адреса [email protected].
За времетраење на прекинот, поднесувањето на МПИН пресметки ќе може да се врши преку системот е-ПДД.
По завршување на планираните технички активности ќе продолжи обработката на пресметките.












