
Цените на енергијата на европските и светските пазари денес забележаа пад, а цената на суровата нафта од типот Брент падна на 103 долари за барел, додека европскиот природен гас се приближи до нивото од околу 77 евра за мегават-час.
Цената на американската WTI нафта (West Texas Intermediate) моментално е во опсег од 100 долари за барел за фјучерсни договори.
Според податоците од порталот Investing.com, цената на фјучерси на TTF достигна 80 евра за мегават-час.
Цената на златото е 4.312,28 долари за тројанска унца, со дневен раст од 1,18 проценти.
Цената на пченицата на светските берзи е 729,25 центи за бушел, со дневен пад од 1,52 проценти.











