Инфлацијата во еврозоната во август 3,2 проценти

Инфлацијата во еврозоната се забрза на 3,2 проценти во август од 2,9 проценти во јули, но конечниот извештај на Евростат е малку понизок од претходната проценка од 3,3 проценти. На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,4 проценти, додека годишната стапка на инфлација во август 2025 година изнесуваше два проценти.

Најголем притисок врз цените има енергетските производи, чии цени во август беа за 14,3 отсто повисоки од лани, наспроти растот од 10,3 отсто во јули. Инфлацијата на цените на неенергетските индустриски производи забрза од 0,9 на 1,2 отсто. Наспроти ова, услугите поскапеа побавно од претходниот месец, па нивната инфлација падна од 3,3 на 3,0 отсто, додека растот на цените на храната, алкохолот и тутунот забави од 1,2 на 1,1 отсто.

Базичната инфлација, која ги исклучува енергијата, храната, алкохолот и тутунот, благо забави, од 2,5 на 2,4 отсто. Сепак, услугите и натаму најмногу придонесоа поединечно за вкупната инфлација во еврозоната, со 1,43 процентни поени, додека енергетските производи додадоа 1,29 поени. Индустриските производи без енергија учествуваат со 0,30 процентни поени, а храната, алкохолот и тутунот со 0,22 процентни поени.

На ниво на целата Европска унија, инфлацијата во август порасна на 3,2 отсто, од 3,0 отсто во јули, додека една година претходно беше 2,4 отсто. Кај членките најниска годишна инфлација е забележана во Шведска од 0,3 отсто, потоа во Естонија со 1,3 и во Чешка од 1,5 отсто.

Највисоки стапки на инфлација беа во Романија, 6,3 проценти, Литванија, 5,6 проценти и Кипар, 5,2 проценти. Во споредба со јули, инфлацијата забави во шест земји-членки на ЕУ, остана непроменета во една, додека се забрза во 20 земји.