Цените на нафтата се спуштаат, Брент падна на 102 долари за барел

Цените на нафтата паднаа трет ден по ред, па инвеститорите се надеваат дека наскоро, доколку овој тренд продолжи, инфлациските притисоци би можеле да се намалат.

На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент утрово се лизна  на 102,1 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот падна на 99,63 долари.

Доларот зајакна четврти ден по ред
А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути малку падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 100,23 поени, додека вчера во ова време беше 100,28 поени.

Сепак, американската валута ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1485 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1465 долари.