Германецот произведува 29 автомобили, Кинезот 51

Десетици илјади работни места се во прашање, а четири германски фабрики се пред затворање

Во тајните документи на VW, објавени од Bild, одборот на компанијата пресметува каде би можеле да се затворат производствените погони, кои модели ќе бидат аутсорсирани и колку се брутални разликите во трошоците во споредба со Португалија и Кина.

Внатрешните податоци на Volkswagen покажуваат огромни разлики во трошоците и продуктивноста помеѓу погоните.

Цената на директна работна сила по час во Емден, Германија е 74 евра, во Палмела, Португалија, 37, а во Тјанџин, Кина, само 12 евра.

Во исто време, еден вработен годишно произведува 29 автомобили во Германија, 39,9 во Португалија и дури 51,3 во Кина.

Големи разлики се забележани и во трошоците за производство по возило. Тие се 4.850 евра во Емден, 2.385 евра во Палмела и 1.078 евра во Тјанџин.

Германската фабрика има и највисока стапка на боледување од 10,5 проценти, додека таа во Кина е само еден процент.

Цените на електричната енергија исто така значително се разликуваат. Киловат час во Германија чини помеѓу 0,15 и 0,23 евра, во Португалија помеѓу 0,10 и 0,16 евра, додека во Кина се движи од 0,06 до 0,10 евра.

Овие податоци јасно го покажуваат обемот на притисокот под кој се наоѓаат фабриките на Фолксваген во Германија.

Фолксваген планира да издвои до 10 милијарди евра до 2030 година за намалување на бројот на вработени, што би вклучувало околу 60.000 работни места, а средствата би биле наменети, меѓу другото, за програми за предвремено пензионирање и отпремнини.