Тојота ја зголеми оперативната добивка за 34 проценти и ја зголеми годишната прогноза

Јапонскиот производител на автомобили Тојота денес објави дека забележал зголемување од 34 проценти на оперативната добивка во периодот помеѓу јули и септември, на 1,13 трилиони јени (6,2 милијарди евра).

Тоа е прво зголемување за шест квартали, благодарение на силната продажба на хибридни возила и послабиот јен, објави Ројтерс.

Оперативната добивка покажува колку компанијата заработила со вршење на својата основна дејност.