Ауди размислува за дополнителна инвестиција од три милијарди долари во фабриката во САД

Германскиот производител на автомобили „Ауди“, во сопственост на германскиот „Фолксваген“, размислува за проширување на планираната фабрика во американската држава Џорџија, што би барало дополнителна инвестиција од три милијарди долари и би овозможило создавање на уште 3.000 работни места до 2033 година.

Според тие документи, компанијата размислува за втората фаза од изградбата на фабриката, чија прва фаза, вредна четири милијарди долари, со вработување на околу 4.500 работници, беше најавена пред речиси две недели, објави „Виршафтсвое“.

Федералната држава Џорџија ќе му додели на „Ауди“ земјиште од околу 600 хектари и ќе додели даночни олеснувања во вредност од 458 милиони долари.