
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00
ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 5,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,50
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 103,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 6,261 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,312 ден/кг.
Од 10.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,312 (денари/килограм)











