
Во септември 2026 година во земјава се регистрирани вкупно 136.305 туристи кои оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Странските гости ја имаат главната збор во септемвриската посетеност – тие сочинуваат дури 75,1% од вкупниот број туристи и учествуваат со 66,2% во реализираните ноќевања.
Бројот на ноќевањата во септември 2026 година изнесува 264 370, од кои 33.8 % се од домашните туристи, а 66.2 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 3.0 %.
Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 3.5 % така што кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските има зголемување за 4.6 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во септември 2026 година:
- 27 933 од Турција
- 8 358 од Србија
- 6 633 од Германија
- 4 656 од Полска











