Nvidia, Amazon и Microsoft меѓу „националните шампиони“ на САД во вештачката интелигенција

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да именува повеќе од 20 компании, вклучувајќи ги Nvidia, Amazon, Microsoft, OpenAI и Anthropic, како „национални шампиони“ во областа на вештачката интелигенција (ВИ) за да им помогне да го прошират бизнисот на странските пазари и да ја зајакнат конкуренцијата на американската технологија во однос на Кина, соопштија извори запознаени со плановите, објавува „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори.

Се очекува одлуката да биде објавена во следната недела, а потегот, според весникот „Њујорк“, укажува дека администрацијата во Вашингтон продолжува да ја спроведува својата технолошка стратегија и покрај кризата што ја тресе компанијата Nvidia.

Иницијативата „национални шампиони“ е дел од напорите на американската администрација да ги охрабри странските компании и земји да ја користат американската технологија за вештачка интелигенција наместо производите на кинеските конкуренти.