
Глобалниот пазар на нафта ќе се соочи со значителна прекумерна понуда во 2027 година, што би можело да изврши притисок врз цените и покрај ризиците од прекини во снабдувањето, според најновата проценка на аналитичарите од инвестициската банка „Голдман Сакс“ со седиште во Њујорк.
Според нивната основна прогноза, производството на сурова нафта ќе ја надмине финалната потрошувачка за околу два милиони барели дневно следната година, додека просечната цена на северноморската нафта од типот „брент“ би можела да достигне 88 долари за барел, објави „Блумберг“.
Аналитичарите на „Голдман“ очекуваат цената на „брент“ постепено да се намалува во текот на следната година и да достигне околу 78 долари за барел до крајот на 2027 година, бидејќи премијата за ризик поврзана со геополитичките тензии и неизвесноста во снабдувањето се намалува.











