
Жителите на Европската Унија минатата година оствариле 1,2 милијарди патувања, од кои 81,4 проценти биле направени по копнен пат, 17,2 проценти по воздушен пат и 1,4 проценти по водни патишта.
Автомобилите учествувале со најголем дел од копнените патувања, со 63,3 проценти од вкупниот број патувања. 13,3 проценти од сите патувања биле направени со воз, додека 3,8 проценти од патувањата биле направени со автобус, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Воздушниот превоз бил најзастапен кај жителите на островските земји од ЕУ: Малта (61,6 проценти од сите патувања), Кипар (51,1) и Ирска (41,8 проценти). Високи удели се забележани и во Луксембург (38,5 проценти) и Данска (36,6 проценти).
Патувањето по водни патишта најчесто го користеле жителите на Малта (38,4 проценти од сите патувања), Грција (15,9 проценти) и Финска (6,9 проценти).
Романија го забележала најголемиот удел на патувања со автомобил (94 проценти), по што следуваат Словенија (90,4), Бугарија (89,0) и Чешка (88,9 проценти).












