
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во септември 2026 година изнесува 433 669 МWh, што претставува 96.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Во септември 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
448 847 МWh електрична енергија, 15.494 мил. nm3 природен гас, 170 079 тони јаглен и
92 599 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во септември 2026 година во однос на септември 2025 година:
- Потрошувачката на природен гас е намалена за 22.6 %
- Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 2.8 %













