Компаниите Samsung Electronics и Getty Images најавија партнерство со цел да им помогнат на луѓето да ги споделат своите приказни преку моќни фотографии. Како што стои во соопштението, ова партнерство ќе ги зближи единствените можности и експертиза на Samsung и Getty Images да ја унапредат фотографијата за корисниците.
“Чест ни е да се здружиме со Samsung, светскиот лидер и иноватор на полето на потрошувачката електроника. Преку ова партнерство, заедно ќе им пружиме алатки и платформа за фотографите ширум светот да можат да ја поделат својата единствена перспектива со нас и глобалната заедница”, вели Крег Питерс, виш потпретседател за содржина на Getty Images.
На сајтот gettyimages.com веќе е достапна колекција на Samsung која претставува избор на премиум содржини на најдобри фотографи на Getty Images кои користеле Samsung Smart фотоапарат NX.