Во 2011 година Nike лансираше реплика на патиките што ги носеше Марти МекФлај во филмот Back to the Future II. Серијата Nike Air Mag беше лимитирана на 1.500 примероци, а приходите отидоа во фондацијата на Мајкл Џ. Фокс, посветена на наоѓање на лек против Паркинсоновата болест.
Патиките беа исти како во филмот, само недостигаше еден детал – не се врзуваа сами. Сега дизајнерот Тинкер Хетфилд најави дека и тоа наскоро ќе се случи.
Хетфилд не бил конкретен кога тоа ќе се случи, но според Sole Collector, дизајнерот изјавил: “Дали ќе ги видиме power – врвките во 2015 година? На тоа, јас велам ДА”.