Oakley – Иновација завиткана во уметност

108

Секоја успешна приказна започнува од добра идеја, но секоја идеја не е често прифатена од околината. Така било и со идеите на Џејмс Џанард кој го создаде светски познатиот бренд Oakley.

1

Џејмс Џанард сакал да ги надмине поставените стандарди во индустријата, но бидејќи во тоа време никој не им верувал, ниту ги поддржувал неговите идеи, тој одлучил да започне свој бизнис во 1975 година. Џејмс-Џим го основал Oakley со 300 долари и едноставна идеја да прави производи кои функционираат и изгледаат подобро од сето останато понудено на пазарот. Во својата лабараторија која била во гаражата, тој направил и развил нов вид на рачки за мотор со уникатен профил и форма кои се вклопувале со рацете на возачот.

„Се во светот може и ќе се направи подобро од веќе постоечкото“, им порачал Џим на скептиците. „Единственото прашање е од кого и кога?“

Својот производ го презентирал на мото настани и утврдил дека перформансите на производот го надминува очекуваното. За Џим тоа значело предизвик да се надминат лимитите на конвенционалното размислување.

o frame

Во 1980 година Џим успеал да создаде О Frame очила со леќи, кои се криви во совршен агол на цилиндерот и правилно ја прекршуваат светлината. Малкумина верувале дека ќе успее на пазарот и мислеле дека не може да им парира на големите компании.

Но, тоа не го обесхрабрило Џим и користејќи ги иновациите од претходните пронајдоци го создал Eyeshades, дизајн кој започна еволуција на очилата од моден додаток до потребна опрема.

JJ„Доколку сакаш да направиш нешто, биди храбар и стори го тоа, но направи нешто значајно. Јас секогаш знаев дека ќе успеам. Тоа доаѓа од вербата во тоа што го правиш и стремежот да го направиш подобро од било кој што мисли дека е возможно.“

Популарноста на брендт Oakley ја зголемил Грег ЛеМонд, трикратниот победник на Тур де Франс, кој ги носел очилата за време на натпреварите. Исто така Скот Тинли и Марк Ален ги побарале перформансите и заштитата која ја нуделе Eyeshades.

lemondzb

Во текот на истата година Oakley ја ограничува својата продажба само во продавниците на Sunglass Hut, иако одредени специјализирани продавници се уште можеле да ги продаваат нивните очила за сонце.

Во 1983 година Oakley ја започна својата продажба и на очила за скијање.

Првите Oakley очила за сонце Factory Pilot Eyeshades беа спортски орентирани, но потоа следеа Oakley Frogskin наменети за широка потрошувачка.

Oakley-Frogskin-Sunglasses-Backlight-Collection

Во 1991 година компанијата на Џим имала 200 вработени. Следела голема светска популарност во 1995 година, што му донела профит од 230 милиони долари.

Но, во 1996 година Oakley имаше спор за цените со италијанската компанија  Luxottica, еден од најголемите светски производители и трговци со очила. Luxottica престанала да ги продава производите на Oakley во нивните продавници вклучувајќи ги и Sunglasses Hut, што придонело вредноста на акциите на Oakley да се намали за 33%.

Сепак, тоа не значело крај за Oakley, кои во 2004 година потпишале четиригодишен договор за производство и дизајнирање на очила заедно со Fox Racing.

FOH 1

На 21 јуни 2007 година, Luxottica најави план дека сака да го откупи Oakley во готово, подготвена да плати 2,1 милијарди долари и 16% премија на постоечкиот удел. Договорот е комплетиран на 15 ноември, со што Oakley станува дел од портфолиото на брендови како што се Ray-Ban, Persol и Vogue.

Децениите на иновации придонесоа до нови производи, технологии, мешавина на науката и уметноста, на кои им биле доделени повеќе од 600 патенти во светот.

Денес, брендот на Џим стана знак на совршеност и решение за предизвиците со кои се соочуваат оние, кои не можат да направат компромис за перформансите. Производството се прошири и сега покрај очила, произведуваат облека и обувки за мажи и жени, спортска опрема, часовници и останати акцесорис.