На Twitter наскоро “детектор на лаги”

42

BRAZIL-IT-TWITTERTwitter развива детектор на лаги кој ќе отстранува лажни постови. Универзитетите ширум Европа ќе работат на новиот систем, наречен Pheme, да ги филтрира лажните информации од фактите. Проектот ќе го води Шефилд Универзитетот, заедно со група интернационални истражувачи. Pheme ќе ги дели информациите во четири категории: шпекулации, контроверзии, заблуди и дезинформации.

Развојот на системот е финансиран со 3,5 милиони евра од европските фондови, а треба да биде готов за 18 месеци.