Андреј Слапар уште пет години на чело на Триглав

59

slaparНадзорниот одбор на Триглав му додели нов петгодишен мандат на Андреј Слапар на местото претседател на Управата на најголемиот словенечки осигурувач, пишува љубљански Дневник.

Сегашниот мандат на Слапар истекува во ноември оваа година, а одлуката за продолжување на неговиот мандат е донесена едногласно.

Слапар во Управата на Триглав е именуван кон крајот на 2009 година, а водството го презеде по разрешувањето на Матјаж Раковец минатата година.