Хрватската фармацевтска компанија PharmaS ја основа компанијата PharmaS Швајцарија за производство и продажба на фармацевтски производи, со седиште во Женева. Формирањето на новата компанија е во согласност со најавите за позиционирање на компанијата во држави надвор од регионот, со цел да се зајакне брендот PharmaS и маркетингот на шалтерските производи во поголема географска област, стои во соопштението од компанијата, пренесуваат хрватските медиуми.
Швајцарија ќе стане седмата земјата по Хрватска, Србија, БиХ, Косово, Македонија и Албанија, во која работи PharmaS.
Од компанијата најавија дека во текот на годината во Хрватска ќе воведат пет нови производи.
PharmaS е ориентирана кон производство на генерички лекови на рецепти и има регистирано околу 120 лекови во регионот.