Овластен од страна на кинеската градежна фирма CCCC, AT Design Office создал концепт насловен како град што плови, со површина од 6.437 километри. Тие имаат хипотетички планови за користење модули како шестаголници што се преклопуваат, за да се создаде основата на подот во градот. Под подот ќе биде мрежата на подземни пешачки патеки и патишта што ги поврзуваат секциите на градот, па така жителите ќе имаат можност да живеат и над и под вода. Зелени површини ќе има и на врвот на геометриските модули, како и подводни тунели што ќе овозможува градот да биде самоодржлив и еко-пријателски.
Според AT Design Office, “оџакот во центарот на вертикалната градина ќе овозможува природна вентилација и осветлување на подводниот град. Исто така, вертикалната градина ќе биде јавниот сообраќаен центар, кој ќе обезбедува сообраќајна платформа за подморници. Има и предлог за забавна област во срцето на градот“, пишува Business Insider.
Планот на AT Design Office моментално е на ревизија кај China Transport Investment Co – еден од главните кинески инвеститори на недвижен имот.
Дизајнерската фирма би можела да почне да прави тестови во помал обем на почетокот на идната година.
Иако овој проект е хипотетички и концепт дизајнот е само експеримент, укажува на зголемениот интерес за градовите базирани на вода. Откако ќе бидат пренаселени континентите и кога ќе се намалат нивните природни ресурси, може да биде само прашање на време кога луѓето ќе се обидат да ги населат и морињата.