Јапонски медиумски гигант влезе на турскиот пазар

35

nikkei bp

Nikkei Business Publications се стекна со 80% удел во турскиот издавач Mutlu Dergi Grubu (MDG), со што стана прва јапонска компанија која влегува во турскиот месиумски сектор, пишува Хуријет.

Основачот на MDG, Зафер Мулту и главниот извршен директор на Nikkei BP, Кохеи Осада, пред два дена ја објавија аквизицијата на прес конференција во Истанбул. MDG сега ќе биде познат како NIKKEI-Mutlu Dergi Grubu, со седиште во Истанбул.

Основана во 2003 година, MDG има склучено лиценцирано партнерство со американски Time Inc. и други реномирани издавачи и ги издава турските изданија на Fortune, InStyle и Martha Stewart Weddings.

Nikkei освен што издава весници и магазини, активна е во неколку области, од дигитални медиуми и книги, до спроведување на семинари, истражувања и консалтинг.