Domino’s Pizza, вкус што го бараат насекаде во светот

140

DOMINOS2

Кога би знаеле што ни носи иднината, тогаш можеби поинаку би одиграле во некои животни ситуации. Најверојатно Џејмс Монаган не би го продал својот дел во Domino’s Pizza, кога би знаел колку голем успех ќе постигне брат му. Оваа успешна приказна започнува во 1960 година кога двајцата браќа Том Монаган и Џејмс од Мичиген одлучиле да ја купат малата пицерија Dominick.

1Договорот го склучиле со 75 долари и потоа позајмиле 900 долари за да ја купат пицеријата. По осум месеци Џејмс го отстапува својот дел во бизнисот на Том во замена за користена Volkswagen Beetle. Во 1965 година, Том Монаган го преименува својот бизнис во Domino’s Pizza. Во 1967 година била отворена првата Domino’s Pizza со фрашиза во Мичиген.

Трите точки ги претставуваат продавниците што биле отворени во 1969 година. Оригиналната идеја за логото на компанијата била да додаваат точка за секоја ново отворена пицерија, но набрзо се откажале од таа замисла, бидејќи до 1978 година имало отворено 200 продавници.

domino'sВо 1983 година е отворена првата интернационална продавница на Domino’s во Канада.

Во 1989 година воведуваат новиот производ на пазарот Pan Pizza.

dominos_handmade_pan_pizza_01

Истата година ја отвораат својата 5.000 продавница. Во 1990 година имаат потпишано 1.000 франшизи низ светот за продажба на Domino’s Pizza.

about_history_heatwaveВо 1998 година лансираат нова индустриска иновација Domino’s HeatWave – торба што користи патентирана технологија што ја чува топла пицата додека испораката да стигне до самиот потрошувач.

Оваа година Том Монаган го објави своето пензионирање за да се посвети на други интереси и сопственоста ја дава на компанијата Bain Capital Inc. Истата година компанијата објавува рекордни резултати со продажба над 3,36 милијарди долари.

Во 2007 година е прогласена по девети пат за топ 10 најдобра опција за фрашиза од Entrepreneur magazine’s. Следната година Domino’s први во индустријата за испорака на храна воведоа Domino’s Tracker. Оваа револуционерна технологија овозможува клиентите да го следат напредокот на нивните нарачки преку интернет, од времето кога нарачале, па се додека не им е доставена.

3

На крајот на 2009 годината, по повод 49-годишен пица рецепт, Domino’s го прослави со “нова и инспириративна пица” – со необична рекламна кампања.

Интересни факти што не сте ги знаеле за Domino’s Pizza:

  • 85% од менито на Domino’s Pizza е составено од нови производи од 2008 година.
  • Постојат повеќе од 34 милиони начини да се создаде пица од Domino’s.
  • Феферони е најпопуларната Domino’s Pizza во САД со печурки, колбаси, шунка и пиперки.
  • Кифличките за прв пат во беа ставени на менито на Domino’s Pizza во 1992 година.
  • Најбрзиот пица мајстор во Domino’s, Пали Гревал може да направи три големи пици за само 39,17 секунди.
  • 96% од сопственоста е од франшизи.
  • Има околу 1.000 независни сопственици на франшизи во САД. Повеќе од 90% од нив своите кариери ги започнале како возачи или асистенти менаџери.
  • Domino’s доставува повеќе од 1.000.000 пици на ден во целиот свет.
  • Domino’s располагаат со 10.988 продавници во повеќе од 70 земји ширум светот.
  • Повеќе од половина од продажбата на Domino’s Pizza доаѓа надвор од САД.
  • Во 2013 година глобалната продажба на мало достигна 8 милијарди долари (3,8 милијарди долари од домашен, а 4,2 милијарди долари од меѓународен пазар).
  • Најголем број на продавници на Domino’s Pizza моментално се наоѓаат: во САД – 4.986, Велика Британија – 774, Индија – 715, Мексико – 592, Австралија – 509, Јужна Кореја – 390, Канада – 380, Турција – 374, Јапонија – 300, Франција – 227, Холандија – 144.
  • Domino’s е постојано една од првите пет компании во однос на онлајн трансакции, зад компании како што се Amazon и Apple.
  • 95% на паметните телефони имаат апликација за нарачки од Domino’s