Факултетот за земјоделски науки и храна прославува 65 години

37

Со Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, Факултетот за земјоделски науки и храна денеска и утре ќе го одбележи своето 65 годишно постоење.

На одбележувањето на јубилејот ќе учествуваат многу научни работници и експерти од Македонија и од странство. На симпозиумот меѓу другото ќе бидат презентирани и земјоделски производи и храна на познати домашни и странски брендови.

На 37 – та по ред Факултет – Стопанство средба, што денес ќе се одржи на Факултетот за земјоделски науки и храна, ќе се зборува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.