GlaxoSmithKline казнет со 489 милиони долари

48

gsk

Кинеските власти ја казнија британската фармацевтска компаниј GlaxoSmithKline (GSK) со 488,8 милиони долари поради давање поткуп, што е рекордна казна во таа земја, пренесува државната агенција, Xinhua.

Судот во градот Чанша го осуди Марк Реили, поранешен шеф на GSK во Кина, и уште неколку извршни членови на оваа фирма на затворска казна во траење од две до четири години.

Пресудата е донесена зад затворени врати на судење што траело еден ден.

Истрагата за активностите на британскиот производител започна во јули минатата година.