Платете го својот оброк со миење на чинии

42

hand-washing-dishes

Производителот на течниот детергент за миење на садови Mir, спроведува кампања во која од 16 до 18 октомври посетителите на ресторанот La Bastide d’Opio, во Париз, наместо да плаќаат за својот оброк, ќе мијат чинии.

Ресторанот кој ја поддржува оваа оригинална идеја, целосно ја смени фасадата како и ентериерот на објектот ставајќи акцент на местото каде гостите ќе ги мијат чиниите.

LaBastidedOpio-600x400

Откако ќе завршат со јадењето, гостите ќе бидат замолени да измијат одредена количина на садови, (со детергентот Mir ) во зависност од производите кои претходно ги нарачале.

На пример, доколку гостинот уживал во чоколадна торта истиот ќе мора да измие четири прибори за јадење (лажици, вилушки и ножеви).

Gamme_MIR

Резервациите за La Bastide d’Opio се веќе во тек, а масите во ресторанот ќе можат да сместат од двајца до осум посетители.

Ќе се послужуваат ручек, околу пладне и вечера, од 17 до 19 часот.