Ѕpanx – тајната на витката линија и успехот на една жена

119

Пред 14 години Сара Блекјли беше само една обична продавачка на факс машини, која одеше од врата на врата обидувајќи се да заработи за пристоен живот. Денес нејзиното име го слават многу жени во светот.

Со само 5.000 долари и без никакво искуство во бизнисот, Сара успеа да го изгради Ѕpanx, бренд кој денес вреди милијарди.

Еластичните мидери кои ги има во секаква форма и големина и кои се заслужни за виткиот изглед под вечерни тоалети, деловна облека и секое парче облека, се дело токму на оваа жена.

shapegrouppic
Еве што вели таа за успехот

Во мојот случај јас расипав една работа за да поправам друга. Всушност, направив малку за да направам многу. Тоа беше моментот кога ги искинав хулахопките и ги врзав под белите панталони.

Не се грижете ако постапувате “како што треба”

Воопшто не знаев што треба да направам. Ако немате идеја како да ја изведете работата, секако дека ќе бидете вознемирени. Тогаш треба само мирно да го прифатите фактот дека моментално не знаете како да постапите и тоа е тоа.

o-SPANX-facebook

Не се обесхрабрувајте

Патот до успехот воопшто не беше лесен. Два пати пробав и не успев да го положам LSAT испитот. Мојата желба да станам правник заврши тука и се вработив во паркот Дизни како маскота – верверичка.

Моите родители беа горди со мојата “диплома” – да им помагам на дечињата да се качат на вртелешките во паркот.

245914-sara-blakely-spanx

Појавување во живо

Телефонските јавувања не вродија со плод, па морав да зборувам лице во лице со производителите на трикотажа.

Две и пол недели подоцна добив повик од производител од Шарлот, Северна Каролина, кој ми рече дека ќе ми помогне да ја реализирам мојата луда идеја.

Кога Spanx мидерот беше доведен до перфекција, по краток состанок и презентација веќе беше издадена нарачка за производот во седум локации на стоковната куќа Neiman Marcus во Далас, Тексас.

0x600

Бидете личноста која се грижи најмногу

Другите производители на трикотажа не зборуваа директно со жените, не знаеја што точно тие сакаат, каков производ им треба, едноставно не им беше грижа.

Јас немав толку пари, ниту искуство во тој бизнис, но навистина се грижев како сето тоа да го изведам. Како жена ми беше особено важно што точно сакаат клиентите. Токму затоа поминав две години стоејќи во продавница, продавајќи Spanx и зборувајќи со купувачите. Така ги добив сите добри идеи.

59368

Додека не успееш, преправај се

Веднаш штом производите Spanx почнаа да се продаваат во Neiman Marcus, добив повик од тимот на Опра. Ми рекоа дека сакаат да ме снимаат за дел од шоуто каде се зборува за омилените производи на Опра.

Во тој момент немав вработени, работев сама во мојот стан. Побарав помош од ланецот центри за бизнис услуги Mailboxes Etc. и од моите пријатели во соседството. Тие дојдоа, седнавме на подот во круг и тоа беа моите “вработени” за шоуто на Опра.

Секогаш имајте смисла за хумор

Што и да се случи, уживајте во возењето. Грешките ќе ги паметите и ќе бидат причина да се насмеете кога ќе се навраќате на почетоците.

BN-EB576_mag091_J_20140812111841

Денес нејзиниот бренд вреди милијарди, асортиманот на производи е многу поширок, вклучувајќи и облека, како и производи за мажи, а Сара е една од најбогатите жени во светот и најмладата жена која станала милијардер со сопствен труд.