Виена иншуренс Груп ја презеде Кјуби

57

Иншуренс Груп го презеде мнозинскиот пакет од Кјуби Македонија со што обезбеди речиси 75% од гласачките права во компанијата.

– Со оваа аквизиција, уделот на Виена Иншуренс Груп на македонскиот пазар на осигурување се зголемува на околу 20%, и со тоа стануваме јасен лидер на пазарот. Аквизицијата претставува натамошен чекор на нашата стратегија за подлабок ангажман во регионот на Централна и Источна Европа и исцрпување на потенцијалите за растеж во потполност, вели Петер Хаген, генерален директор на Виена Иншуренс Груп.

Осигурителната компанија Винер која е дел од австриската Виена иншуренс груп, станува збор за аквизиција на групацијата на која што и припаѓа и Винер Осигурување. Тоа значи дека нема да има фузија, туку дека двете компании ќе продолжат да функционираат засебно на пазарот, со тоа што обете ќе бидат дел од иста групација – Виена Иншуренс Груп. Нашата улога во целиот тој процес се огледува во нашите континуирано извонредни резултати на пазарот, со што отворивме простор за нови инвестиции на групацијата, која за прв пат на македонскиот осигурителен пазар се појави токму преку Винер Осигурување. Или со други зборови, нашата работа е основа на довербата на Виена Иншуренс Груп во потенцијалот на осигурителниот пазар во Македонија. Што се однесува до пазарните тенденции во иднина, можеме само да ја споделиме нашата увереност дека Винер и понатаму ќе остане на врвот на македонскиот осигурителен пазар, и ќе остане пример на функционирање според најрепрезентативна и најуспешна деловна филозофија, која очигледно придонесува за зацврстување на довербата во македонскиот осигурителен пазар како целина. Инаку, газдите на Кјуби уште во мај објавија дека имаат понуда за продажба на компанијата, која и лани и оваа година покажува загуби. Кјуби Македонија располага со разновидно портфолио на производи, како и продажна мрежа низ целата земја. За клиентите се грижат повеќе од 200 вработени во 19 филијали. Во фискалната 2011 година оствари премии во висина од околу 12 милиони евра. Виена Иншуренс Груп е активна во Македонија од 2007 година со Винер Осигурување. Во 2011 година оствари обем на премии од речиси 9 милиони евра, остварувајќи раст од 41%.

По инвестицијата во Винер Лајф – компанијата за животно осигурвање, Кјуби Македонија е третата компанија под закрила на ВИГ присутна на македонскиот осигурителен пазар.