Во Тауер Бриџ, познатата кула мост во Лондон, беа претставени две нови стаклени пешачки патеки, што е една од најголемите новости за зданието, од кога истото беше отворено за јавноста во 1982 година.
Патеките се поставени 42 метри над реката Темза, нивната должина изнесува 11,5, а ширината 1,8 метри.
Секоја од стаклените панели тежи 500 килограми, додека целиот проект чини 1 милион фунти. Западниот премин беше отворен денеска, а источниот се очекува да биде отворен на први декември.
Новите пешачки патеки ќе бидат уште една атракција за жителите и туристите во овој град.
Така, додека стојат на стаклените панели тие ќе можат да видат како мостот се отвора за да го пропушти речниот сообраќај.
Тауер Бриџ годишно привлекува 600.000 посетители, а со новите патеки бројката се очекува значително да се зголеми.