БИ.МК номиниран во три категории за Сајт на годината

45

sajt

Бизнис порталот Бизнис Инфо оваа година е номиниран во три категории за наградата Сајт на годината. За www.bi.mk можете да гласате во категориите Најдобар дизајн, Вести и информации и Најдобар бизнис/корпоративен сајт.

За да гласате за Бизнис Инфо, кликнете тука.

Треба да се регистрирате со Вашата електронска пошта и на вашиот мејл ќе добиете линк за гласање. Можете да гласате само еднаш од линкот и да распределите три гласа во секоја категорија. Оценувањето е со 10, 6 и 2 поена.

Гласањето трае до 5 декември 2014 година, а резултатите ќе бидат објавени на 11 декември.

Mанифестацијата Сајт на Годината во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по петти пат оваа година.

Изборот на Сајт на Годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.