Полека, но сигурно, почнува да се чувствува предновогодишната еуфорија во која уживаат сите генерации. Најмалите најмногу се радуваат на подароците и најголемата асоцијација на Нова година – Дедо Мраз.
Дечињата ширум светот ќе имаат можност не само да си посакаат подарок, туку и да го следат Дедо Мраз на неговиот пат.
Google и Microsoft во соработка со северноамериканската воздухопловна одбранбена команда Norad изработија посебна интернет страница за таа намена.
До празникот Бадник ќе може дечињата да го посетуваат селото на Дедо Мраз, а на Бадниковата вечер ќе се активираат и картите на кои може да се следат локациите низ кои поминува најомилениот дедо меѓу децата.
Google во селото на Дедо Мраз секој ден ќе отклучува нов проект или игра за деца, а во забавата можат да уживаат и повозрасните.