Сузана Мишиќ и Хрвоје Граф од студиото за дизајн и развој Лустер осмислија, дизајнираа и произведоа прототип на чадор кој на внатрешната страна има карта на пошироко подрачје на град Загреб. Како што велат креаторите, според желбите и нарачките, картата може да биде и на цела Хрватска, некој друг град, па дури и на маало, пишува Пословни дневник.
Граф и Мишиќ идејата ја добиле кога размислувале за подарок кој ќе биде различен од другите, а ќе привлекува внимание. Ваквиот чадор е идеален и за туристите, затоа што горното платно е опремено со УВ заштита, па може да се користи и како заштита од топлите сончеви зраци.