Еве кои гаџети се очекува да бидат презентирани и пуштени во продажба до крајот на следната година.
Apple Watch
Рачниот часовник од Apple ќе биде првиот производ кој ќе биде пуштен во продажба од кога на чело на компанијата стои Тим Кук.
Windows 10
Најновиот производ на Микрософт, кој ќе биде прилагоден за сите уреди, се очекува да пристигне пред крајот на 2014.
Samsung Galaxy S6
Овој смартфон се очекува да ја има најголемата надградба досега.
Еластични екрани од Samsung
Јужнокорејската компанија најавува дека до крајот на 2015 ќе почне масовно да произведува екрани кои се виткаат.
Поголема верзија на iPad
Apple планира да го претстави 12 инчниот iPad Pro на почетокот на следната година.
Нова верзија на HTC One
Новата подобрена верзија на HTC One се очекува да биде пуштена во продажба март – април 2015.
Oculus Rift
Гаџетот за виртуелна реалност што го купи Facebook се очекува да биде лансиран до крајот на 2015 година.
Тач верзија на Microsoft Office за Windows
Компанијата работи на нова тач верзија на Office за Windows таблети и лаптопи на допир.
Гаџет за виртуелна реалност од Sony
Проектот Morpheus е всушност гаџет за виртуелна реалност од Sony, дизајниран за PlayStation 4, кој се очекува кон крајот на 2015 година.