Кој е Colonel Sanders (Полковникот Сандерс) и како KFC го освои светот, дознајте од кратката успешна приказна наречена Тајната на совршениот рецепт.
Харланд Дејвид Сандерс е роден во далечната 1890 година во Индијана, САД. Младиот Харланд не ни сонуваше каде ќе го одведе патот и работеше што ќе стаса, од фармер и кондуктор во автобус, до возач на брод на пареа, војник и продавач.
По изминати неколку години лутајќи од една работа во друга, Сандерс конечно станува сопственик на бензиска пумпа во Кентаки.
Многу патници застанувале тука да одморат, па Сандерс почнал покрај примарата услуга, да нуди и храна.
Неговата храна и услуга биле толку добри, што веста се проширила и по весниците. Гостите станувале побројни секој ден, па Сандерс морал да ја прошири просторијата за јадење.
Во 1930 Полковникот официјално го отвора својот прв ресторан, Sanders Court & Cafe, но девет години подоцна, во 1939 избил страшен пожар во кој ресторанот изгорел до темел.
Сепак Сандерс успева повторно да го изгради и од 1952 година почнува да ја дава франшизата во други продавници.
Моќта на тајниот рецепт
На Полковникот Сандерс му требаа десет години пред да го усоврши тајниот рецепт со 11 зачини, вкусот по кој и ден денес неговото пилешко е единствено во светот.
Сандерс со години го тестираше вкусот на пилешкото и испробуваше разни тревки и зачини, како и начини на подготовка, за еден ден конечно да го пронајде совршениот рецепт.
Знаеше дека тоа е тоа, дека тој вкус кој подоцна беше наречен Finger Lickin’ (Прсти да излижеш) ќе го освои светот и едвај чекаше да го сподели со сите.
До ден денес Оригиналниот KFC рецепт со 11 зачини и тревки е една од најголемите тајни во светот.
Сакајќи да го намали времето и да го подобри вкусот, Полковникот беше прв кој започна да користи експрес лонец за готвење на пилешкото.
На возраст од 66 години тој започна да го продава својот незаменлив Kentucky Fried Chicken рецепт од еден град во друг, подготвувајќи го вкусното пилешко за вработените во рестораните. Наскоро сите сакаа да го пробаат, цели фамилии стоеја во редици чекајќи да го вкусат оригиналниот рецепт.
Сандерс стекна толку голема популарност што почна да гостува во телевизиски емисии, промовирајќи ја идејата за Kentucky Fried Chicken.
Со цел за што поуспешно да го презентира својот производ, тој секогаш ги лижеше прстите кога ќе пробаше од пилешкото, велејќи дека е “толку вкусно прсти да излижеш”. Така настана и слоганот “It’s Finger Lickin’ Good” .
KFC денес
Доколку сакате да отворите Kentucky Fried Chicken ресторан тоа ќе ве чини барем 1,3 милиони долари. Тука спаѓа локацијата, изградбата, потребната опрема и инвентарот.
Од денот на неговото официјално отварање во 1952 година, KFC го дуплира бројот на објекти на секои 3,9 години. Денес работат вкупно 17.400 ресторани низ светот.
Ланецот ресторани го има во вкупно 120 држави во светот, а следната година познатото пилешко ќе можат да го вкусат уште седум во Африка.
Секојдневно низ рестораните поминуваат повеќе од 12 милиони луѓе годишно кои секогаш повторно се враќаат по неодоливиот вкус.
Денес Kentucky Fried Chicken нуди многу повеќе од пилешките батачиња во познатата кофичка. Тука се шпагетите со пилешко, пилешкиот бургер, Cali Maki Twister, еден вид гиро со манго и кисели краставички, разни десерти, сендвичи и многу други вкусови.