Whisker Dam или “браник“ за мустаќи е креативен изум што им го олеснува животот на мажите со мустаќи, кои се големи љубители на пивото.
Овој предмет, што е изработен од 100% челик, им помага на мажите со мустаќи беспрекорно да уживаат во чаша пиво, но и во млеко или кафе со пена. Whisker Dam може да се користи и за други видови на пијалоци само да можат мажите да уживаат во пијалокот, а нивниот моден детал да остане сув.
Whisker Dam се изработува во Сан Диего.