Американскиот деловен портал Business Insider, вчера објави дека откако ги создаде iPod, IPhone и Ipad, компанијата Apple наводно работи на создавање на iWatch-паметен часовник.
Извештајот на порталот вели дека Apple склопил партнерство со Intel за развој на iOS часовник. Според извори од еден синџир за набавка на кинеската блог страница Tech163.com, се вели дека новиот часовник ќе има Bluetooth и спортски екран OLED од 1,5 инчи.
Наводно iWatch паметниот часовник би требало да биде претставен во првата половина од наредната година.
Сепак оваа вест се уште не е потврдена, со оглед дека се темели само на еден единствен извештај објавен на Tech163.com. Останува само да видиме дали Apple ќе проба на паметен начин да го мери времето.