Осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп објави дека во изминатата 2014 година остварила приходи од над 700 милиони денари, што претставува најдобар резултат за компанијата, која шест години по ред бележи континуиран пораст, пишува Макфакс.
“Унапредувањето на деловните процеси довело до намалување на административните трошоци со што се обезбедила можност за пренесување на оваа вредност на клиентите преку намалување на цените, креирање исклучително конкурентни продукти, како и обезбедување атрактивни подароци и дополнителни услуги со секоја купена полиса“, стои во соопштението на Винер.
Оттаму велат дека целокупното внимание го насочуваат кон клиентите обезбедувајќи им не само продукти прилагодени на нивните потреби и можности, туку и дополнителна вредност за нивните пари.
“Брза и беспрекорна услуга, експресно решавање и исплата на штета, достава на полисата на рака, атрактивни подароци, целосна достапност за совет и помош во секое време. Наша најголема награда е што граѓаните веќе добро знаат дека кога осигурувањето е во прашање, Винер е нивниот пријател, и што компаниите знаат дека во нас имаат сигурен осигурителен партнер кој со својата сервисна и деловна моќ им обезбедува најконкурентно осигурување, со беспрекорно реосигурително покритие“, изјави Зоран Нарашанов, првиот човек на компанијата.