Американците по 50 години повторно ќе уживаат во кубанските пури

49

puri

Забраната за увоз на кубански пури во САД, што траеше половина век, престанува да важи по одлуката на американскиот претседател Барак Обама, пишува британски Телеграф.

Политиката на смирување на односите меѓу САД и Куба ја започна Обама, па оваа одлука се смета за еден чекор во таа насока.

Голем број на Американци повеќе нема да мора да патуваат во оваа егзотична земја без да бараат посебни дозволи од американските власти. За прв пат во историјата на овие две земји, Американците ќе може да ги користат своите кредитни картички на Куба.

Меѓу другите олеснувања, се овозможува Американците да испраќаат по 2.000 долари на секое три месеци на свои роднини и пријатели на Куба.