Најголемиот хрватски произведувач на компјутери М Сан група развива прв хрватски паметен мобилен телефон, пандан на iPhone на Apple и Galaxy на Samsung, кој ќе работи на Андроид, а на пазарот би можел да се појави кон средината на оваа година, пишува Пословни дневник.
Од М Сан за Пословни изјавиле дека работат на мобилен телефон чувствителен на допир, кој ќе работи на Андроид. Уредот се развива во Хрватска, а ќе се произведува во Кина.
Првиот хрватски смартфон, како и првиот хрватски таблет, ќе бидат пласирани под брендот Vivax.
М Сан минатата година произведе сопствен таблет кој го продава на домашниот пазар и на пазарот во Босна и Херцеговина. Уредот со назив Vivax TPC-7120 има седум инчен екран и користи оперативен систем Андроид 2.3.