Бугарија: Нема побарувачка за селски куќи на пазарот на недвижности

164

kukja

Пазарот на недвижности во Бугарија, минатата година најголем пад бележи во сегментот кај селските имоти. Овој сегмент бележи најголем пад од почетокот на кризата и продолжува да се намалува, па дури и да исчезнува на места, стои во анализата на компанијата за недвижности Bulgarian Properties, пишува money.bg.

Просечната цена на селските куќи во 2014 година била околу 18.000 евра и останува иста во однос на претходните години. На пазарот главно се нудат куќи подготвени за вселување, по цена од 10.000 евра, па и до 20.000 и 40.000 евра, во зависност од местото.