Седумте правила на успехот според Стив Џобс

50

jobs

Фото: Pixabay

Беше и ќе остане еден од највлијателните луѓе во бизнисот. Неговите совети се безвременски и во нив секогаш ќе ја пронаоѓаме мудроста на еден гениј.

Вака тој, Стив Џобс, зборуваше за успехот:

Правете го тоа што го сакате

Секој од нас има некаква страст и доколку истата ја следите во животот, успешно ја имплементирате во она што го работите, вие сте среќен човек. Тој еднаш рече дека “само луѓето со страст и посветеност можат да го променат светот на подобро. Доколку на работа одите мрзоволно, како робот секое утро, без страст и желба да одите напред, дали сте среќни?”

Силата на визијата

Џобс веруваше во силата на визијата. Во една прилика му постави прашање на претседателот на Pepsi, Џон Скали, “Дали сакаш остатокот од животот да го поминеш продавајќи шеќерна вода или сакаш да го промениш светот?” Никогаш не престанувајте да сонувате и секогаш во мислите нека ви биде визијата за својата работа, бизнисот и животот.

Развивајте ги своите способности и непрестајно учете

Иксуството е многу важен сегмент во вашиот живот. Оние кои имаат поголемо искуство понекогаш ги забележуваат оние работи кои останатите не можат да ги видат. Самиот Џобс земаше часови по калиграфија (техника на убаво пишување) се додека не го разви Mac. Патуваше во Индија и низ Азија, студираше дизајн и здравствена заштита и не се придржуваше до одредени норми во животот.

Секогаш мора да постои селекција

Џобс во една прилика изјави дека е повеќе горд на производите кои Apple не ги направи, отколку на оние кои ги произведе и осмисли. Кога се врати назад во Apple во 1997 година, застана на чело на компанија со 350 производи и за две години нивниот број го намали на 10. Тој всушност направи селекција на производите на својата компанија, за да може поефикасно да им се посвети.

Сосема поинаку

Кога прв пат го претстави концептот на Apple Store, рече дека целта не му е само да продава кутии, туку и дека сака во истиот тој простор да го унапреди животот на купувачите. Доколку го анализирате секој Apple Store, се што се наоѓа во него е направено токму за унапредување на нашите животи како купувачи и градење на една емотивна врска со нас и самиот бренд.

Претставете ја идејата на совршен начин

“Можете да ја имате најдобрата идеја на светот, но доколку не знаете да комуницирате и истата да ја преставите пред светот или пред целната група купувачи, таа воопшто не ви вреди.” Стив Џобс можеби беше најдобриот корпоративен презентер – колку компании имаат директор кој лично излегува пред купувачите во јавност, во излитени фармерки и црна ролка и со таков самоуверен тон кажува “Apple. iPad.”

Продавајте ги соништата, не производите

Џобс сакаше во целост да го познава својот купувач, неговите навики, особини, колку деца има, што гледа на телевизија и слично. Тој знаеше дека ниеден негов производ нема да влезе во нашите домови доколку е премногу комплициран. Токму затоа популарниот iPad има само едно копче на предната страна. Толку е едноставен што и мало дете без проблем може да го користи.

“Не се откажувајте од вашите соништа без разлика колку недостижни ви изгледаат.”