Како да ве забележат на работното место?

51

pin

Фото: Pixabay

Понекогаш не е доволно само да доаѓате на работа и да ги завршувате секојдневните работни задачи.

Доколку сакате да превземете некои интересни проекти или се надевате на унапредување, морате на некој начин да се истакнете.

Еве неколку совети како тоа да го постигнете.

Сè што правите, правете одлично

Доколку работните задачи ги изведувате просечно (колку да ги завршите), нема да бидете забележани. Заменете ја просечноста со одличност и тоа нека ви премине во навика.

Волонтирајте

Волонтирајте на проекти или задачи во кои вашите способности можат да им помогнат на останатите вработени. Така брзо ќе им “паднете во очи” на претпоставените.

Бидете во добри односи со сите

Однесувајте се коректно и пристојно со сите колеги и претпоставени. Дури и со оние кои не ви се симпатични.

Помагајте им на колегите

Не мора да чекате некој да побара помош од вас. Излезете им во пресрет на колегите, доколку мислите дека вашите совети можат да помогнат. Притоа немојте да очекувате ништо за возврат.

Станете експерт, во било што

Кога луѓето ќе наидат на проблем за кој сметаат дека е нерешлив, бараат помош од стручни лица. Размислете во што сте најдобри и доведете го тоа до совршенство. Потоа волонтирајте на проекти со кои ќе им покажете на сите колку сте добри во тоа.

Докажете дека вредите за компанијата

Тоа не е еднократна задача. Секој ден мора да докажувате и покажувате дека сте важен сегмент во компанијата.

Направете план за кариерата и презентирајте го на претпоставените

Не заборавајте дека вашата кариера е само ваша одговорност. Дефинирајте ги сопствените желби, направете план и споделете ги тие информации со своите претпоставени.