Ирска донесе закон за продажба на цигари во неозначени кутии

neoznacena kutija so cigari

Ирска е прва земја во Европа што донесе законска регулатива со која ги забранува брендираните кутии за цигари, пишува The Guardian.

Освен рекламирањето на производителите на цигари на самите кутии, со овој закон се забранува и продажбата на цигари во помали кутии што потсетуваат на кармини, наменети за женските пушачи.

“Оваа одлука е во интерес на јавното здравје и ќе послужи да им помогнеме на децата никогаш да не го земат во предвид пушењето и да им помогнеме на пушачите да се откажат“, изјави министерот деца и млади на Ирска, Џејмс Рајли.

Цигарите во Ирска ќе мора да се продаваат во неозначени кутии и со слики од последиците од пушење.

Japan Tobacco international, тутунска мултинационална компанија, предупреди дека ваквото законско решение ќе го оспори на суд.

Инаку, Ирска е прва земја во светот што го забрани пушењето на јавни места од март 2004 година.