Модниот бренд Gucci Timepieces и музичарот и креативен иноватор Will.i.am заедно создадоа мултифункционална паметна нараквица.
Модната куќа го најми седумкратниот освојувач на Греми, кој помогна во креирањето на овој уред со кој ќе може да се прават телефонски повици, да се испраќаат пораки и мејлови, да се следи вежбањето на тој што го носи, да се слуша музика, дури и да се активира личен асистент преку говорна команда.
Според изјавата на will.i.am, паметната нараквица ќе биде истовремено моден детал и напредна технолошка направа.
Цената и датумот на нејзиното пуштање во продажба се очекува наскоро да бидат објавени.