Дваесет години работно искуство и дваесет клучни лекции

74

mat

Фото: Twitter

Мет Серто, извршен директор, автор и основач на Findsome & Winmore, маркетинг компанија, во текот на своето 20 годишно работно искуство научил неколку клучни лекции.

Како што и самиот вели за Business Insider, тоа се работи што се навистина важни и сите претприемачи, извршни директори и вработени треба да ги знаат и применат.

Фамилијата е поважна од сè

Низ сите овие години, семејството беше мојата најголема поддршка, без нив немаше да станам она што сум.

Некој мора да ти даде шанса

Имав само 19 години кога го започнав бизнисот. Неколку клиенти веруваа во мене, ми дадоа шанса да се докажам уште пред да можам да ги услужам.

Ти требаат добри ментори

Имав среќа да запознаам искусни луѓе со кои можев да ги споделам моите идеи, стравови, желби и да добијам вистински совет во вистинско време.

Без клиентите/потрошувачите/ читателите/фановите… вие немате ништо

Тие нè мотивираат и нè прават подобри. Всушност, целта на бизнисот е да ги креираме нив.

Мора да бидете упорни

За да имате волја за работа и тогаш кога нештата не одат како што сте планирале, треба да поседувате упорност, во голема мера.

Оптимизмот е клучната карактеристика

Морате постојано да си повторувате дека после дождот доаѓа сонце. Ако не сте оптимисти, нема никаде да стигнете.

Добриот тим е повеќе од потребен

Добрата тимска работа е тоа што го движи бзинисот. На крајот на денот луѓето се највредното нешто во вашата компанија.

Корпоративната култура е поважна отколку што мислите

Треба да работите на тоа, да бидете модел, онаков каков што сакате да биде и бизнисот. Вашата професија не е она што го работите, туку како истото го работите.

Кога вработувате ставајте го карактерот на прво место

Талент без добро воспитување и неможност истиот да се искористи/употреби е изгубено време и пари.

Треба да имате силен лидерски тим кој постојано поставува предизвици

Тие ми помогнаа да ги гледам работите на малку поинаков начин, да излезам од мојата сигурна зона, да донесам подобри одлуки.

Бидете примерен, одговорен корпоративен граѓанин

Компанијата треба да биде одговорен граѓанин, да помага на заедницата, да волонтира, да го дава својот придонес онаму каде што е потребно.

Ви требаат херои и модели за пример

Ви треба ѕвезда водилка, некој познат успешен човек, херој во очите на луѓето, кој ќе ве инспирира постојано како што ќе го развивате бизнисот.

Прошетајте малку

Искоритете ги приликите кога ќе ви се пружат и прошетајте некаде. Промената добро ќе ви дојде, ќе добиете инспирација и сила за следниот подвиг.

Треба да имате натпреварувачки дух

Бизнисот е битка. Секогаш постои конкуренција, но не треба да се плашите од неа. Таа ќе ве мотивира да бидете уште подобри.

11008447_10152768300321795_4013038467011207051_n

Фото: Facebook

Негувајте ги познаствата

Врските со клиентите, вработените, партнерите се од исклучителна важност. Самиот бизнис е збирка на врски. Инвестирајте во нив и негувајте ги најдобро што можете.

Постојано учете

Светот се менува постојано, а со тоа и бизнисот. Затоа мора да се развивате, надградувате, да учите и да бидете во тек со новитетите и промените.

Верувајте во нешто

Не мора да бидете религиозна личност, потребно ви е нешто во што ќе верувате, нешто што ќе ви дава сила и поттик да продолжите понатаму.

Здружете се со големи добавувачи/партнери

Освен во компанијата, ви треба одличен тим од соработници и надвор од компанијата. Јас сум среќен што познавам такви луѓе.

Креирајте пријатно место за работа

Вашите вработени се сегашноста и иднината на компанијата. Понудете им услови во кои со задоволство ќе сакаат да работат.

Направете промена

Понекогаш промената е неопходна, но внимавајте кога и како ќе ја направите. Смислувајте нови работи, одново и одново пронаоѓајте се.