Castells, аукциска куќа со седиште од Монтевидео, Уругвај го продаде iPad-от што му припаѓаше на Папата Франциско по цена од 30.500 долари.
Како што велат од Castells, победникот во наддавањето ја дал својата победничка понуда преку телефон.
Локалните медиуми се заинтересираа за овој iPad минатата година. Папата го подари на свештеник од Уругвај, заедно со заштитниот знак на Неговата Светост Франциско и сертификат за автентичност од Ватикан.
Свештеникот го донираше на локално училиште, пред истиот да биде ставен на аукција за собирање средства.