Ден Фрединбург, директор во Google, е еден од алпинистите што загинаа во лавината на Монт Еверест по разорниот земјотрес во Непал, соопшти компанијата.
Фрединбург на планината се качувал со уште тројца вработени од компанијата, кои не се повредени. Тој беше шеф на одделот за приватност Google X, кој се занимава со истражувања, пишува The Huffington Post.
Индискиот воен планински тип најде 18 тела на Монт Еверест каде лавината предизвикана од земјотресот затрупа базен логор.
Земјотресот што во саботата го погоди Непал, со епицентар меѓу двата најголеми градови Катманду и Покара, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е најсилниот во последните 80 години. По него се почувствувани неколку посилни земјотреси од 6,7 и 6,5 степени по Рихтер. Според последните информации, во земјотресот животот го загубија 3.218 луѓе, а преку 6.500 се повредени. Во Катманду пристига помош и хуманитарни групи од целиот свет, а меѓународниот аеродром е повторно отворен во неделата вечерта.
Земјотресот бил почувствуван и во Индија, Бангладеш, Тибет и Пакистан.