Ништо не може да го спречи хуманиот Алан Лоу да им помага на оние луѓе на кои им е неопходна неговата помош.Тој веќе 16 години има голема мисија да им дава храна и облека на бездомниците во Минеаполис, пишува порталот Wfaa.
Само минатата година, Алан поделил повеќе од 700.000 сендвичи, 7.000 пара чорапи и 75.000 билети за автобус.
Алан е пензиониран професор од Минеаполис, кој најголемиот дел од својата хуманитарна работа ја финансира од сопствената пензија, додека дел отпаѓа на донации од непрофитната организација, Minneapolis Recreation development.
Овој хуманитарец, кој е познат под прекарот Sandwich man, добива и посебно одликување од Ротари организацијата во неговиот град поради грижата за бездомниците.
Посветеноста на Алан беше забележана од режисерското око на Џеси Реслер, преку документарниот филм The Starfish Throwers.