Почина Дејв Голдберг, извршниот директор на SurveyMonkey

59

04couple-hp-superJumboДејв Голдберг, извршниот директор на SurveyMonkey и сопруг на главната оперативна директорка во Facebook, Шерил Сандберг, ненадејно почина во својата 47 година од животот.

Според светските медиуми, Голдберг починал на први овој месец, додека бил на одмор во САД со својата сопруга. Неговата смрт ја потврдија и од SurveyMonkey, компанија позната по правење анкети преку интернет, притоа не наведувајќи ја причината.

Марк Цукерберг, извршниот директор на Facebook и близок пријател на семејството, потврди дека смртта настапила додека Голдберг бил со сопругата на одмор.

Дејв Голдберг беше успешен претприемач и инвеститор од Силиконската долина. Тој со својата сопруга и двете деца живееше во Менло Парк, Калифорнија.

Основач е на стартапот Launch Media, кој што подоцна го продава на Yahoo, а во SurveyMonkey доаѓа во 2009 година. Од компанија со само 14 вработени, Голдберг успева да создаде успешно светско име со 500 вработени и дури 25 милиони анкети во своето портфолио.