Руската компанија Касперски соопшти дека идентификувала компјутерски вирус “црвен октомври” во земјите на источна Европа, кој собира доверливи податоци заштитени со енкрипција НАТО и ЕУ.
Касперски наведува дека “црвен октомври” содржи единствен модул за оживување кој се крие во програмите Adobe Reader и Microsoft Office. Тоа на напаѓачите им овозможува повторен пристап до компјутерот, иако вирусот претходно е откриен и отстранет.
Вирусот заразил и паметни телефони и собира информации за кориснички налози, кои потоа ги тестира на други системи.
На мета на “црвениот октомври” се најдоа дипломатски служби и државни агенции од различни земји, истражувачки институти, енергетски и нуклеарни групации, но и вселенскиот и трговскиот сектор. Примарна мета се земјите од источна Европа, поранешните советски републики и земјите од централна Азија, соопштија од Касперски.