Србија извезла рекордни 2,3 милиони тони пченка

274

pcenka

Србија од октомври минатата до април оваа година извезла рекордни 2,3 милиони тони пченка, а се очекува до новата берба на пазарот да се пласираат уште околу три милиони тони житарки, изјави за Танјуг, директорот на Здружението Житата на Србија, Вукосав Саковиќ.

Тој рекол дека количински ќе има подобри извозни резултати од оние дури и пред проблемите со афлатоксинот, но кога станува збор за девизните резерви, цените оваа година не беа соодветни.

“Цените беа пониски од вообичаените, но имавме период кога поради побарувачката на стока на Дунав постигнавме и подобри цени од нашата конкуренција и другите паритети на продажба, па просечната цена беше 140 евра за еден тон“, рекол Саковиќ.

Иако извозот на пченка во тековната економска година, која за таа житарка трае од први октомври 2014 година до 30-ти септември 2015 година, е рекорден, земјоделските производители се соочуваат со големи предизвици.